Потпишан меморандум меѓу МБА, МБХВ и ЦДХВ
Македонската банкарска асоцијација, Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдуваат полињата за кооперација што се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.
Целта, како што информира Македонската банкарска асоцијација, на соработката е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Соработка ќе се реализира во повеќе домени со особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред се семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.
Меморандумот предвидува и преземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.
Ново на Сител
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-
Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд