Потпишан Кодекс за фер и демократски избори
Во пресрет на утрешниот почеток на кампањата за предвремените избори за пратеници на 11 декември, сите коалиции и политички партии учесници на изборите, денеска потпишаа Кодекс со кој се обврзаа за фер и демократски изборен процес.
- Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството. Сите ученици во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија, истакна претседалот на ДИК Александар Чичаковски.
Кодексот го потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, лидерот на СДСМ Зоран Заев, од здружената опозициска коалиција, во име на ДУИ Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократски сојуз за Коалицијата за промени и правда - Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП.
На потпишувањето на Кодексот присуствуаа амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и сите членови на ДИК и други претставници на партиите.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци