Потеклото на суеверието за скршено огледало е пострашно од седум години несреќа

Eдно од најраширените верувања, дека кршењето огледало носи несреќа, датира од древни времиња кога изработката на овој предмет била многу скапа, бидејќи се правело од ретки материјали, како што е вулканското стакло. Го имале само богатите.
Познати венецијски мајстори од 15 и 16 век не сакале да го откријат занаетот, но со цел уште повеќе да ја зголемат цената на својата работа, покренале приказна дека тој кој ќе скрши огледало ќе биде несреќен. Сепак, ова не било нивен „изум”.
Старите Римјани имале и своја теорија, верувајќи дека огледалото „ја фаќа” душата додека се гледаме во него, па кога ќе го скршиме, таа останува растурена во делчиња и треба да поминат седум години за да се обнови. Можеби токму од таа причина во некои краишта постои обичај да се покриваат огледалата и стаклата во домот кога некој ќе умре, за да може душата непречено да си оди.
Ново на Сител
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
