Пострада заедно со Свети Димитриј, денеска се празнува овој маченик

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври.
Денеска е Св. маченик Нестор.
Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. Не можејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
