Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата

Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“.
Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
- Владата презема обврска на ист начин како што се решаваше „Фени индустри“ да го решава и „Еурокомпозит“, бидејќи по кажувањето на вицепремиерот има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат, изјави претседателот на СИЕР Пеце Ристевски по средбата.
Пред Владата почнаа да се отстранат шаторите поставени од штрајкувачите од Еурокомпозит.
Тие бараа исплата на заостанатите 18 плати и придонеси за здравствено и пензиско осигурување за изминатите шест години.
Ново на Сител
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
