Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови 72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро.
Од ЈУНП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација, патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер.
-На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско езеро под името Протокол Мираж. Новиот шенаесет километарски круг го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапари и Ротино, а ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека која започнува од Цапари и води до еден од најубавите природни видиковци на Пелистер, наречен Лоша Стена, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“-Битола.
Промотивниот настан ќе го организираат PROJECT 7000 и ЈУ Национален парк Пелистер со поддршка на Екстрим бајк Битола, Велосипедска Федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
