Поставени два од вкупно шест монтажни објекти на Железничката станица Табановце
Активисти на Црвениот Крст од Скопје и Куманово, денеска поставија два од вкупно шест монтажни објекти на Железничката станица Табановце.
Монтажните објекти се наменети за престој на мигрантите кои се задржуваат на Железничката станица при нивното натамошно патување од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кон Србија и според нивните кажувања, кон нивната крајна дестинација, земјите од Западна Европа. Поставувањето монтажни објекти се спроведува во соработка со УНХЦР.
- Поставувањето на монтажните објекти го спроведуваат наши активисти. Се надеваме дека најдоцна до понеделник ќе бидат поставени сите монтажни објекти, вкупно шест кои ќе обезбедат пристоен престој за мигрантите кои во утринските и вечерните часови пристигнуваат на станицата, изјави секретарот на општинската организација, Иле Митковски.
Од понеделник, пак, најави Митковски, ќе бидат поставени десет тоалети, како и чешми.
- На овој начин на мигрантите им се обезбедуваат пристојни услови за неколкучасовното задржување на станицата на Табановце, додаде Митковски.
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел