Поставен камен темелник за нова крстилница во Општина Аеродром

На големиот христијански празник Свети Јован Крстител денеска во истоимената црква во Општина Аеродром беше поставен камен темелник на нова крстилница.
Темелите ги освети поглаварот на МПЦ-Охридска Аргиескопија, г.г. Стефан во присуство на голем број верници и ктиторот на крстилницата Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора инжинеринг“.
На површина од 130 метри квадратни крстилницата ќе има повеќе простории, меѓу кои и просторија за продажба на сувенири, икони и свеќи.
Крстелницата, според ктиторот Чифлиганец треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 20 јануари наредната година.
Претходно, во црквата „Свети Јован Крстител“ беше отслужена Архиерејска златоустова литургија по повод празникот Собор на Св. Јован Крстител, со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Ново на Сител
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
-

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане
-

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната
-

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер
-

Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
