После “пивофестот”, прилепските комуналци собраа 320 метри кубни отпад кој е подготвен за продажба
Од четридневното одржување на “Пивофест 2015”, кој го посетија околу 400 илјади луѓе, прилепските комуналци собраа 320 метри кубни отпад, кој по експресно завршената селекција и соодветното складирање, веќе е подготвен за понатамошна обработка.Од ЈКП “Комуналец” посочуваат дека ова е редовна процедура која претпријатието ја применува неколку години наназад, што е и своевиден финансиски бенефит од Фестивалот за претпријатието.
Напоредно со отстарнувањето на сите комунални последици, прилепските комуналци интензивно работат и на обновувањето на тревнатите површини каде се одржуваше манифестацијата, како и на целосната замена на постоечките корпи за отпадоци и за отпушоци, со нови, а се префарбуваат и парковските клупи.
Инаку, ваквата повеќегодишна поставеност на претпријатието по однос на одржувањето на комуналната хигиена, на Прилеп му го донесе и епитетот - еден од најчистите градови во земјава.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
