-->
-->
После 35 години докторот реши да прозбори: Тито пред својата смрт...
-->

Д-р Предраг Лалевич, хирург и анестезиолог, кој во текот на 16-годишното владеење на Јосип Броз Тито како претседател на СФРЈ со него бил на 106 патувања, ги опиша неговите последни четири месеци од животот во болницата во Љубљана.
Д-р Лалевич бил во советодавниот одбор, кој четири месеци се борел за животот на Тито. Тој го направил она што ќе остане запишано во аналите на поранешната држава, ги исклучил апаратите кои го одржувале животот на Тито.
Здравјето на Тито, освен труењето со храна во Египет во 1964 година и пневмонијата една година подоцна во Бугарија било добро.
- Највеќе страдаше од болки во нозете, затоа и одеше со стап. На новогодишната ноќ во Караџорџевич неговот движење стана повеќе од болно, па решивме Тито да го однесенме во клиничкиот центар во Љубљана, - вели доктор Лалевич.
Пред својата смрт, како што кажува Лалевич, Тито пеел на руски и сонувал Кинези.
- Точно во 15:05 часот на ЕКГ се покажа права линија, што е знак дека срцето престанало да работи. Во целосна тишина сите доктори и сестри минавме 15 минути околу неговиот кревет. Потоа го погледнав професорот Богдан Брецељ, најстариот во одборот, а тој само кимна со главата. Тоа беше знак да ги исклучам апаратите, го сторив тоа а потоа ја напуштивме собата, - вели доктор Лалевич на кој му требале шест месеци целосно да се опорави по смртта на Тито.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
