Бизнис
27. February 2024 - 16:44

Поскапуваат прехранбените производи од март, нема веќе замрзнати цени

За два дена поскапуваат прехранбените производи. Мерката гарантирани цени завршува. Лебот, млекото, сирењето, јајцата,  тестенините, пилешкото, меленото месо,  овошјето и зеленчукот се дел од производите кои од март ќе се продаваат по пазарни цени.  Експертите велат ефектите од мерката ги почуствуваа сите- но најмногу ќар видоа богатите, чиј буџет дозволува да платат повеќе. Сега е време за таргетирани мерки , но и надлежните да излезат на терен и да спречат антимонополско здружување на трговците

-Ако постои нефер договарање за цените на прехранбените производи, во услови кога растот на цените на инпутите во производиот процес или на цените од увоз е значајно намален, а кај некои производи дури и негативен, тогаш треба да се впрегнат механизмите на антимонополското законодавство, вклучително и со законско проширување на надлежностите на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Надлежните пак, спасот од ценовно цунами го гледаат во Законот за нефер трговски практики, кој е во собраниска процедура. Сепак,откако ќе се донесе трговците имаат рок од 6 месеци да склучат нови договори со производителите и дистрибутерите, така што поскапуваното намалување на цените од 20 до 30 отсто ќе може да се почуствува  дури од септември. Значител удар врз стандрадот на граѓаните е можен со укинување на субвенциите за струја и парно.

Со оглед на релативно поволните движења кај берзанските цени на енергентите, фазата на излегување од субвенционирање на цените на електричната и топлинската енергија треба да заврши поскоро а најдоцна до крајот на оваа година., додава Петрески.

Последните податоци на Организацијата за храна на  Обединетите нации покажуваат дека цените на храната во јануари бележат значителн пад  и се најниски во последните  три години. Сепак, кај нас, трошоците за живот  од месец во месец растат. Синдикатот пресмета дека на едно семејство месечно му се потребни  скоро 1,000 евра за да го помине месецот.