Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 0,23 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,806 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,621 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,628 отсто и кај дизелот за 1,766 проценти, додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,022, а кај мазутот за 2,563 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5545 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
