Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестот пред Уставен суд

МВР денеска соопшти дека поради денешниот граѓански протест во организација на Здружението на граѓани „Ајде“, најавен за во 18 часот пред Владата на РМ, дел од сообраќајниците во центарот на градот ќе имаат посебен сообраќаен режим.
Имено, во периодот од 18 часот за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул. “Илинден“ пред Владата на РМ, бул. “ВМРО“, ул. “Васил Главинов“, лево по ул. “Димитрије Чуповски“, потоа улицата “11 Октомври“ (пред Собранието на РМ), ул. “Филип Втори Македонски“ (преку мостот кај “Холидеј Ин“), односно сообраќајниците по кои е најавено движењето на учесниците во протестот.
Овој сообраќаен режим, стои во соопштението, ќе биде на сила до завршувањето на протестот, односно се додека постои потреба од сообраќајна регулација.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
