Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети

Од 17 до 18 часот денеска во центарот на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички.
СВР Скопје соопшти дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
- Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
