Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест од ВМРО-ДПМНЕ
Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи.
Од тие причини, како што посочуваат, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
