Балкан
30. August 2023 - 18:26

Портокалов аларм: Во Хрватска се запримети редок природен феномен | ВИДЕО

Денеска редок природен феномен се појави кај Чиово во Хрватска.

По вчерашните „пијавици“ кај Ровињ и Црес, многу локални жители на Фејсбук објавија снимки од денешната пијавица, која, како што се наведува се гледала од повеќе места и се вртела околу 10 минути.

Метеоролозите најавија грмотевици, а за областа Риека вклучиле портокалов аларм што укажува на потенцијално опасно невреме.