Порошенко: Русија го предизвикува целиот демократски свет
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ја обвини Русија дека „со анексијата“ на Крим и наводното вооружување на проруските сили на истокот од Украина го предизвикува „целиот демократски свет“.
Како што пренесува Танјуг, Порошенко од западните сојузници побарал да ги заострат трговските и други санкции кон Русија и нејзините најголеми фирми, доколку Москва не ги исполни условите од привремениот прекин на огнот.
- Украина и нејзините сојузници ја попречуваат Русија да ја засили својата агресија и дополнително да ги прошири своите смртоносни неоимперијалистички амбиции, рече Порошенко на меѓународниот собир „Годишен состанок во Јалта“, што до приклучувањето на Крим кон Русија беше оддржуван во овој град.
- Мораме јасно да ставиме до знаење дека, не само што сегашните санкции ќе останат се додека Русија го држи Крим под окупација и поттикнува хаос во Донбас, туку рестриктивните мерки и ќе се засилат доколку Русија го попречува процесот на решавање на кризата, истакна Порошенко.
Киев ја обвинува Русија дека тајно во воената зона испратила околу 8.000 војници и дека проруските сили ги снабдила со софистицирани ракети и тенкови, што Москва постојано го негира.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор