Пороен дожд во Демир Хисар и на планинските предели меѓу Гостивар и Кичево

Управата за хидрометеролошки работи попладнево соопшти дека пороен дожд има на планините меѓу Гостивар и Кичево, а претходно невреме со пороен дожд и грмежи го зафатило и подрачјето околу Демир Хисар.
Во западните делови од државата попладнево преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, претежно во планинските подрачја.
До крајот на денот во источните делови се очекува времето да биде претежно ведро, а во западните делови да преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места со пороен дожд и грмежи. Услови за дожд и грмежи ќе има и во југоисточните делови.
За утре УХРМ најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во јужните делови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Ново на Сител
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
