Пороен дожд и грмежи попладнево во Крушево

Попладнево Крушево беше зафатено со интензивна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, а според радарските слики, и можна појава на град. Оваа нестабилност во моментов се уште трае. Развој со послаб интензитет има и северно-северозападно од Прилеп, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму посочуваат дека во вечерните и ноќните часови во Македонија ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Во текот на ноќта и утре, особено претпладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе опадне за околу 6 степени.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
