-->
-->
Пораз за младите македонски фудбалери од фаворитот Италија
-->

Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска е поразена од Италија во натпревар од втората рунда во рамките на УЕФА квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза кој се одржува во Скопје.
Фаворитот во нашата група, селекцијата на Италија очекувано славеше убедлива победа од 4:0 над Македонија на стадионот „Борис Трајковски" во Маџари.
Головите за Италијанките го постигна Софија Канторе, Камила Лабате, Гиада Греги и Бенедета Глиона.
На другиот натпревар од квалификацискиот турнир Босна и Херцеговина и Северна Ирска одиграа нерешено со 0:0.
Последните натпревари ќе бидат одиграни на 3 октомври. Македонија ќе се сретне со Босна и Херцеговина на стадионот Борис Трајковски во Маџари, додека средбата Северна Ирска - Италија ќе се одигра на Тренинг Центарот Петар Милошевски во Ново Лисиче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
