-->
-->
Поранешниот германски главен град доби огромен споменик
-->

Главниот град на некогашна Западна Германија Бон доби споменик висок 17 метри, уметничко дело на францускиот уметник Бернар Венет.
Споменикот тежок 42 тони кој што дел од медиумите го именуваа како „Зарѓани шпагети“ е посветен на годината 1989 година во која падна Берлинскиот ѕид а Бон сеуште беше главен град на Германија.
Споменикот со официјален назик „АРЦ 89“ според авторот ги означува промената и обновата на градот.
Финансиран е со кредит кој што го подигнал градот Бон а кој што ќе треба да се враќа во наредниве 10 години. Што ќе се случи со споменикот по тој период ќе треба да одлучи локалната власт.
Скулптурите на Венет кои што се карактеристични по нивната големина можат да се најдат во Њујорк , Ница, Луксембург, и Берлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
