Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон во Скопје
- Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, утре ќе престојува во Скопје.
Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, соопшти попладнево неговиот Кабинет.
Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на Генералниот Секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.
За утре попладне е закажана заедничка прес-конференција, по која ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев и Ален Ле Роа.
Вечерта, пак, во организација на Кабинетот на Премиерот, за високата делегација ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде претседателот на Владата Зоран Заев
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
