Свет
24. October 2017 - 23:54

Поранешниот директор на ФБИ има таен налог на Твитер

По повеќемесечните шпекулации, поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого американскиот претседател Доналд Трамп го разреши во мај, потврди дека има таен налог на Твитер, околу што се шпекулираше подолго време.

Со месеци се зборуваше дека Коми стои зад налогот на Твитер, кој го носи името на американскиот теолог со германско потекло од 20-ти век, Рајнхолд Нибур.

На тој налог вчера беа објавени серија мистериозни фотографии, вклучувајќи го и Коми, кој стои на пат во американската држава Ајова.

Американскиот адвокат Бенџамин Витс, близок пријател на Коми, ги расчисти недоумиците и потврди во порака на Твитер дека навистина се работи за Коми.

Инаку, Коми беше разрешен од американскиот претседател Доналд Трамп во мај, додека ги истражуваше врските помеѓу изборниот тим на Трамп и Русија.