Поранешниот бугарски министер Овчаров обвинет за злоупотреба на функцијата
Јавното обвинителство на Бугарија денеска покрена обвинение против поранешниот буграски министер за економија и енергија Румен Овчаров поради злоупотреба на службената положба и овластувања, јави БТА.

Како што соопшти портпаролката на Обвинителството, Румјана Арнаудова, Овчаров се товари дека како министер ги надминал своите службени овластувања со тоа што на директорот на рудникот „Бобов Дол“ му дозволил да склучи договор со приватната фирма „Ораново“ за експлоатација на јаглен, кој бил во државна сопственост.
Овчаров се сомничи дека со оваа своја одлука од февруари 2007 година, овозможил некотролирано користење на природното богатство, а воедно ги довел во опасност и животите на вработените во рудникот.
Овчаров беше бугарски министер за економија и енергија од август 2005 до јули 2007 година во Владата на Сергеј Станишев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
