Поранешниот австралиски премиер, Кевин Рад, се кандидира за генерален секретар на ОН

Поранешниот австралиски премиер Кевин Рад и официјално побара поддршка од новата австралиска Влада за својата кандидатура за генерален секретар на ОН, соопшти министерот за надворешни работи, Џули Бишоп.
Како што јави ДПА, Бишоп најави дека Кабинетот, што денеска се собира на својата прва седница, ќе го разгледа неговото барање.
Кевин Рад е поранешен лидер на главната опозициска партија во Австралија, лабуристичката.
Рад, кој течно говори кинески, е познат по својот избувлив карактер. Владејачката Либерално-национална коалиција е поделена околу прашањето дали да ја поддржи неговата кандидатурата за следен генерален секретар на ОН на местото на Бан Ки-мун, чиј мандат завршува на крајот од годината.
Над 10 претенденти за наслесник на Бан, веќе ја почнаа изборната трка. Како најсериозни кандидати меѓу нив се поранешниот извршен секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, Кристина Фигерес од Коста Рика, Бугарката Ирина Бокова, актуелен генерален секретар на УНЕСКО, поранешниот шеф на дипломатијата на Хрватска, Весна Пусиќ и Хелен Кларк, експремиер на Нов Зеланд, оценуваат британските медиуми.
Според непишаната традиција, време е највисоката функција во ОН да ја преземе претставник од Источна Европа - единствениот регион од каде немало генерален секретар на Светската организација. Осум претенденти за функцијата потекнуваат од источноевропските земји.
Решавачкиот збор при изборот ќе биде на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, кои ќе треба да се обединат околу некој кандидат, забележуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
