Loading Video...
Свет
28. March 2023 - 16:31

Поранешна ученичка уби шест лица во училиште во САД

Вчерашниот масакр во приватното христијанско училиште „Ковенант“ во американскиот град Нешвил, го изврши 28 годишната Одри Хејл, жителка на тој град и поранешна ученика во училишетото. Смртно застрела три деца и три возрасни лица, пред да биде ликвидирана од полицијата. Едно од трите деца имало 8 години а две по девет години. Користела две полуавтоамтски пушки и пиштол, набавени легално и имала мапа на училишетото со детали за надзорот и влезните точки.  

Полицијата објави учлишни снимки на кои се гледа како Хејл, облечена во војнички панталони, панцир и црвена бејзбол капа влегува во училиштето пукајќи во една од вратите на објектот а потоа продолжува да се движи низ ходниците со пушка во рацете. Хороот траел 14 минути. Во нејзиниот дом полицијата октрила муниција, но и план за други напади. Нема криминално досие а истражителите работат на утврдување на мотиовот. По професија била графички дизјанер а на социјалните мрежи Хејл се претставувала во машки род. Била фина и забавна велат нејзни пријатели.

Американците ги обновија повиците до Конгресот што побрзо да донесе построга легислатива за користење на оружје. Слична порака испрати и претседателот Бајден. Оваа година се регистирани 89 инциденти во кои е пукано во  американски училишта.