Поранешен руски агент: НАТО сакаше да ја расцепка Русија

Според тајни документи до кои наводно дошла руската разузнавачка служба, по распадот на Советскиот Сојуз, НАТО планирале да ја поделат Русија на помали територијални целини, изјави Павел Андријевич, поранешен руски таен агент.
Во интервју за телевизијата Русија-1 тој рече дека НАТО планирале по распадот на СССР да ја поделат Русија и да ја сведат на големина на средновековното московско кнежество.
Според него, постојат документи од НАТО од кои може да се види дека поделбата на СССР била само прва фаза.
– НАТО планирал да се формира република северна Волга и потоа република централна Волга, и да се намали големината на Русија на плоштина колку и средновековното московско кнежество, изјави тој.
– Ние ги имаме тие документи и сега се во архивата на руската разузнавачка служба, рече поранешниот руски агент.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
