Порака што го урива Скајп за секунда

Малкумина знаат, но една навидум невина печатна грешка може да го урне Скајп.
Проблемот е во само во комбинација на осум знаци: http://: кои на примателот на пораки можат да му ја урнат целата програма и најчесто потоа е потребно нејзино повторно инсталирање.
Оваа грешка е откриена сосем случајно од еден корисник, кој своето искуство го обелодени на интернет, по што многу информативни блогови почнаа да пишуваат за овој проблем.
„Венчр Бит“ пишува дека Скајпот инсталиран на „Виндоус“ многу потешко го поднесува „ударот“ од овој проблем, отколку оној на „Мекинтош“. Испраќањето линкови што ја содржат спорната комбинација на знаци на корисник на „Виндоус“, ќе му ја урне целата програма во толкава мерка што ќе мора поворно да ја инсталира.
На проблематичната порака што го руши Скајп медиумите посветија повеќе вниамние изминативе денови, откако е откриено дека специфичната порака со арапски знаци ги урива и СМС апликациите на Ајфон.
По ова, во рок од 24 часа, „Епл“ пронајде привременo решение за проблематичната порака, додека извори во Скајп велат дека знаат за овој проблем и дека работат на пронаоѓање решение.
Ако токму вие ја добиете пораката со проблематичната комбинација на знаци, барајте го оној кој ви ја испрати да ја избрише, а потоа реинсталирајте ја целата програма.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
