Порака од Хан: Потегот на Иванов не е во линија со владеењето на правото

Денешните потези на претседателот Иванов не се во линија со моето разбирање за владеењето на правото, објави еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на социјалната мрежа „Твитер“, по денешната најава на македонскиот претседател дека ќе ги аболира сите политичари поврзани со незаконското следење на комуникациите.
Хан додава дека во светло на овие настани „има сериозен сомнеж дека се можни кредибилни избори“ во Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Политичките лидери мора да знаат дека неодамнешните потези ја ставаат евро-атлантската иднина на земјата на ризик. Демократијата значи компромис и служење на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачка маса и да работат на реформите, повика комесарот Хан.
Неофицијално, во Европската комисија го сметаат потегот на претседателот Ѓорге Иванов штетен за сите политичките чинители во земјата и пред се за граѓаните. Сметаат дека со денешниот негов потег, изборниот датум - 5 јуни е ставен под силен знак прашалник.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
