Поради здравствени причини откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум во Скопје

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка. Владината прес-служба утрово информираше дека поради здравствени причини се откажува присуството и обраќањето на форумот претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Пред одржување на форумот, во Владата на Република Северна Македонија, заменик -претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.
Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, а во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената.
Годинава, двете земји бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
