-->
-->
Поради запалено гнездо на штркови дел од Росоман без струја
-->

Поради запалено гнездо на штркови на бетонски столб вечерва во Росоман, биле запалени и дел од каблите по што била исклучена електричната енергија во еден дел, за да не дојде до поголеми несакани последици.
Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски потврди дека има прекин на електричната енергија, но нагласи дека нивни екипи се на терен и оти најбрзо што може проблемот ќе биде надминат.
- Вообичаено, во период кога штрковите не се тука, ние ги менуваме нивните гнезда и им ставаме на истите места специјални гнезда кои ги штитат нив, но истовремено и не и штетат на мрежата. Таквите гнезда ги изработуваат учениците од средното електротехничко училиште во Велес, информира Ковачевски.
Но, во случајов станувало збор за ново гнездо во Росоман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
