Поради загадениот воздух од пожарот во Тетово учениците нема да имаат настава два дена
-Засега нема повредени, освен неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот од пожарот во Тетово кој во 9 часот избувна во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.
Поради пожарот, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава овие два дена.
-Апелирам до сите граѓани да остануваат дома, да не излегуваат ако немаат никаква работа, не дека е критично, но поради загадување на воздухот да останат дома, да видиме што ќе се случи. Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокираат загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот, изјави Бесар Дурмиши од Совет на Тетово.
Побарале помош од Општина Гостивар и Град Скопје.
-Тие се дојдени и од нивна страна е побарано да дојде хеликоптер за да го запре пожарот, рече Дурмиши.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош