Поради технички проблеми во ДИК не започна изборот на членови на ОИК
Државната изборна комисија (ДИК) денеска требаше да одржи седница за избор на членови на општинските изборни комисии (ОИК) на кои неодамна им истече петгодишниот мандат. Иако беше закажана за 11:30 часот, седницата до 14 часот не започна поради, како што објаснија од ДИК, технички проблеми.
ДИК денеска треба да избере членови, претседатели и заменици претседатели на 80 општински изборни комисии. Осумстотини членови на ОИК треба да бидат избрани по случаен избор од редот на државната администрација, општинската и администрацијата на Град Скопје.
Дополнително на друга седница ДИК треба да заземе став дали целосно ќе се менуваат составите на избирачките одбори или само ќе се дополнуваат испразнетите места.
Во тек е увидот на Избирачкиот список и пријавувањето на дијаспората за гласање.
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ