Поради страв од свински грип, Данска поставува 70-километарска ограда на границата со Германија

Данска ќе изгради ограда, долга 70 километри, на границата со Германија поради одбрана од дивите свињи кои можат да ја пренесат смртоносната инфекција африкански „свински грип“ на фармите и со тоа да го загрозат свињарството во земјата. Тоа денеска го соопшти данската Влада.
Иако во Данска не е забележан ниту еден случај, ширењето на болеста во источна Европа, предизвика загриженост во земјата која од извоз на свинско месо заработува 5,5 милијарди долари годишно.
Вирусот кој предизвикува африкански свински грип е безопасен за луѓето и останатите животни, но за дивите свињи и фармите на свињи болеста е смртоносна во речиси сите случаи во рок од десет дена. Не постои вакцина против оваа инфекција.
Данската Влада соопшти дека доколку болеста избие во земјата, на одреден период би прекинале сите извози кон неевропските земји, додека за другите членки на ЕУ би бил блокиран само извозот од погоденото подрачје.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
