Поради план за заплена на средства од мигранти дански пратеник напушта партија

Пратеник во Европскиот парламент од владејачката партија во Данска премина во партија на левицата во знак на протест поради планот на Владата за запленување средства од бегалците со што би се финансирал престојот во таа држава.
Владата на Либералите во обид да одбие баратели на азил бара заплена на вредности или пари во износ од 3.000 круни (437 долари) за време на претрес на границата.
Јенс Роде вели дека контроверзниот предлог покажува дека Либералите го „загубиле правецот“ и бараат поддршка од антиимиграциската Данска народна партија од кого зависат во парламентот.
Роде пратеник во ЕП од 2009 година вели дека се одлучил да им се придружи на левичарската партија Социјал-демократи.
Со нацрт-законот што треба да го одобри парламентот, полицијата ќе има овластувања да претресе облека и багаж на баратели на азил и други мигранти кои немаат дозвола за престој во Данска со цел изнаоѓање средства што би ги покриле трошоци.
Ново на Сител
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
