Поради пијан пилот летот одложен пет часа

Несекојдневен настан е регистриран синоќа на Меѓународниот аеродром во Тирана.
Полетувањето на авион кон аеродромот „Малпенса“ во Милано е одложен за дури пет часа поради тоа што капетанот на авионот Е.Л.(47) бил пијан.
- Лицето Е.Л. шпански државјанин, кој е капетан на авионот, кога патниците почнале да влегуваат во авионот, е приведено поради тоа што тој бил во алкохолизирана состојба. Колега на пијаниот пилот го пријавил во Граничната полиција и авиокомпанијата, по што е блокиран летот а патниците се вратени назад, стои во полициското соопштение.
По барање на авиокомпанијата, направен е алкотест кој се покажал позитивен,бидејќи првиот тест покажал присуство на алкохол 0,35 мг/л додека вториот тест 0,31 мг/л.
Компанијата презела соодветни мерки и пијаниот пилот го замејила со друг и по пет часа од предвидениот термин авионот полетал за Милано.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
