Поради одрони од карпа од синоќа во прекин железничкиот сообраќај меѓу Велес и Битола
Железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно од синоќа е во прекин поради одрони од карпа на пругата меѓу станиците Стари Град и Мартолци, потврдија од велешката Железничка станица.
Како што информираат за МИА од јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“, на местото на настанот со две машини од утрово работат нивни екипи и најавуваат дека за два дена карпата ќе биде отстранета и пругата повторно оспособена за сообраќај.
Од јавното претпријатие „МЖ Транспорт“ информираат дека поради оваа ситуација, возовите од Велес до Битола и обратно се во прекин, а патничките возови од Скопје за Битола ќе сообраќаат до Велес и обратно, освен утринскиот воз кој од Скопје за Велес тргнува во 6:54 часот.
– Возот од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 6:23 часот ќе поаѓа 30 минути подоцна и ќе сообраќа само до Велес, информираат од „МЖ Транспорт“.
Ново на Сител
-
Тетовец при расправија извадил пиштол и му се заканувал на својот брат
-
По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија
-
Едно лице почина, а четворица се повредени по тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани
-
ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
-
Кај 68-годишник од Скопје пронајдени марихуана и засадени стебла канабис
-
Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна
-
Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес