Поради ниските температури Кавадарци трет ден се соочува со недостиг од вода
Како резултат на прениските температури кои во регионот под Кожув достигнаа и до околу минус триесет степени, дојде до замрзнување на воздушните вентили од водоснабдителниот систем на регионалниот водовод „Лукар”. Ова е причината поради која Кавадарци веќе трет ден се соочува со недостиг од вода за пиење, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
-Енормно ниските температури придонесоа ова замрзнување да се продлабочи и на деловите на мини централите на Јавното претпријатие „Комуналец”. Дојде до исфрлување на централите од употреба. Целокупното водоснабдување е насочено кон градот. Дополнителни педесет литри во секунда се пуштени од новиот водоснабдителен систем и очекувам во текот на денот или некаде околу седумнаесет часот, комплетно да се нормализира состојбата со водоснабдување на целиот град Кавадарци, нагласи градоначалникот.
Панов упати апел до сите водокорисници во овој период кога има енормно ниски температури да се воздржат од непотребно пуштање на славините од чешмите по двориштата. Напротив, тие чешми да бидат коммплетно исклучени.
-Тоа пуштање на чешмите со цел да не замрзнат, придонесува за енормна потрошувачка на вода во овој зимски период. Како последица на тоа доаѓа исто така до недостиг од вода за пиење прво во селата, а потоа и во градот. Затоа за солидно водоснабдување во градот и селата, треба да допринесат и самите водокоринсици, додаде тој.
За штетите што јавното претпријатие ќе ги претрпи заради неработењето на централите, рече дека се проблем на општината.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење