Спорт плус
29. April 2016 - 15:24

Поради голем интерест продолжен рокот за пријавување на Скопскиот маратон

 
Големиот интерест за упество на годинашното издание на ,,Виз Аир Скопскиот маратон'' за кој досега се пријавени над 7.000 натпреварувачи е причината поради кога организаторот реши за го продолжи ркот за пријавување и да им даде шанса на уште заинтересирани.
 
Во соопштението упатено до јавноста се вели:
 
,,Главниот град на нашата држава започнува да ги одбројува денови до почетокот на Виз Ер Скопски Маратон, настан кој без конкуренција е најголемото спортско случување во Република Македонија. Скопје деновиве е преплавен од спортисти и ентузијасти кои во попладневните часови трчаат на кејот покрај реката Вардар, но и по тротоарите покрај улиците каде можат да се забележат спортски облечени луѓе како трчаат низ вообичаената гужва. Скопјани, но и останатите луѓе од нашата земја и уште од повеќе од 45 држави од светот со нетрпение го очекуваат доаѓањето на 8-ми мај кога во ‪8:45 на Рекорд во центарот на Скопје ќе започне Виз Ер Скопски Маратон 2016.
 
Токму поради големата заинтересираност за учество на трката, на која до денеска има повеќе од 7.000 пријавени натпреварувачи и вљубеници во трчањето, рокот за пријавување е продолжен. Со тоа наместо до денеска, секој кој што сака да биде дел од оваа манифестација треба да побрза и да се пријави на официјалната страница на маратонот (http://skopskimaraton.com.mk/) бидејќи пријавувањето ќе заврши во оној момент кога ќе се пополнат и така веќе зголемените квоти за учество.
 
Сите пријавени учесници ќе имаат единствена можност да ги подигнат своите стартни пакети на 6-ти и 7-ми мај од ‪10:00 до ‪19:00 часот во холот на Конгресен центар „Александар Македонски“ во Скопје, поранешна Универзална Сала. Стартниот пакет за маратон или полумаратон ги содржи следниве работи: Dry-fit маица со логото на трката, стартен број со чип, торбица, персонално видео, медал на крајот од трката, маратон магазин со инструкции, освежување, онлајн диплома, 20 евра вредносен ваучер од Wizz Air, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот, подарок од партнерите на маратонот. Со оглед на тоа што пријавувањето трае до потрошување на стартните броеви, на сите потенцијално заинтересирани ги замолуваме да побрзаат.
 
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Маратонот се одржува на 8-ми мај по повод Денот на Европа