Поради азилантите од Балканот Германија воведува визи!?
Големиот број на азиланти го покрена прашањето за воведување на визи во Германија.
Проблемот е во фактот што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што се Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.
Оваа година, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година ќе биде 450 илјади.
Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓа од Балканот, иако според Германија во нивната матична земја не им се нарушени правата, туку се исклучиво од економски причини.
Владата на Германија пред неколку месеци рече дека секој барател на азил од Западен Балкан треба да се автоматски да се депортира од земјата, и речиси сите барања за азил биле одбиени.
Регионалната влада на Баварија е географски најблискиот дел на Германија до Балканот од каде доаѓаат најголемиот дел баратели на азил.
Тоа Баварската влада го плаќа од својот буџет, како што се социјална помош или социјални изнајмување овие економски бегалци. Нивниот број во споредба до 2014 година повеќе од двојно.
„Јас го поддржувам повторното воведување визи за овие балкански земји“ – изјави во интервју за Ди велт баварскиот премиер, Хорст Зихофер, според кого бројот на азиланти во моментот е „до плафон“.
„Одбивањето на азил во изминативе неколку месеци не му даде многу резултати. Потребно е да се воведат визи за граѓаните на овие земји да се регулира нивниот број во Германија“ – тврдат Баварците, чиј став полека го поддржуваат и останатите покраини.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари