Поповолни очекувања за порачки во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на август годинава.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија, во септември во однос на август годинава била понеповолна, а поповолна споредено со септември лани. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември годинава е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на август 2019 година и изнесува 21.7, а во однос на септември 2018 година е зголемен за 1.1 процентен поен.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 69,4 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 22,1 процент, недоволната странска побарувачка со 18,9 проценти, недоволната домашна побарувачка со 13,7 проценти и неизвесното економско опкружување со 13,3 проценти.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
