Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е поповолна, а многу поповолна споредено со септември лани, оценуваат раководителите на фирмите во анкетата за Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите, бројот на вработените ќе се зголеми.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е зголемен за 0,6 проценти, а споредено со септември лани за 5,5 проценти.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември во однос на август годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 65,6 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 21,2 процента, недоволната домашна побарувачка со 18,9 проценти и недостигот на квалификувана работна сила со 15 проценти.
Ново на Сител
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
