Поповолна состојбата со нарачките и вработените во индустријата

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија минатиот месец е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на мај 2015, а во однос на јуни 2014 година за 6,6 процентни поени.
Како што соопшти Државниот завод за статистика повикувајќи се на оценката на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени.
Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на јуни 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2015 година изнесува 64,1 отсто.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 25,2 процента, недоволната странска побарувачка со 24,5, недоволната домашна побарувачка со 24,2 и финансиските проблеми со 6 отсто.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
