-->
-->
Поплавите во Италија отсекоа цели села од остатокот на светот, приоритет чистењето на приодните патишта
-->
На границата меѓу Италија и Франција минатиот викенд дојде до огромно невреме што предизвика зголемување на нивото на водата во реките, а потоа и до сериозни поплави.
Во Италија загина волонтер пожарникар, а бројни села се отсечени од светот.
Обилниот дожд паѓаше од петокот до саботата, а најмногу влијаеше врз сливот на реките Тоце, Танаро, Биелезе и Сези.
Во Франција најмногу е погодена областа околу Ница.
Акциите за расчистување на теренот ќе траат со денови, наведуваат спасувачките служби.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте на Фејсбук објави дека прво нешто што треба да се направи е да се поврзат отсечените места со остатокот од земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото