Поплавите и невремето во Албанија однесоа многу животи
Повеќе лица загинаа во поплавите кои денеска ја погодија Албанија, по поројните дождови кои предизвикаа и оштетувања на патиштата, јави новинската агенција АТА.
Дел од албанските портали соопштуваат дека во поплавите досега загинале три лица, но оваа информација засега не е официјално потврдена.
Во спасувачките акции ангажирана е војската и специјални спасувачки екипи.
Министерството за одбрана соопшти дека округот Лежа во северот на земјата, се испратени 30 воени лица, шест возила и мали чамци за евакуирање на три семејства.
Министерството за одбрана даде наредба за прекин на наставата во училиштата и градинките, а во зависност од временските услови, Министерството дополнително ќе соопшти дали оваа наредба ќе остане во сила и следните денови.
Автопатот Тирана-Драч, како и неколку други патни правци се блокирани. Многу села се без пристап поради оштетувања на локалните патишта.
Два траекта, поради невремето, имале потешкотии при допловувањето кај Валона, но безбедно се вкотвиле на пристаништето.
До 12 часот, количеството врнежи изнесувало 100 милиметри на квадратен метар. Според прогнозите, тие ќе продолжат и утре.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници