Поплавените да ја пријават во МФ банката за исплата на авансната помош

Со цел да се изврши авансната исплата на паричната помош на лицата од подрачјата зафатени со поплавите кои се случија на 6-ти овој месец, Министерството за финансии ги повикува лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок.
Како што информираат од Министерството за финансии, исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација - лична карта или патна исправа.
Во соопштението додаваат дека за таа цел, евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во скопскиот и тетовскиот регион, треба да го пријават изборот на деловна банка на следните контакт телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742.
Пријавувањето може да го вршат утре и задутре од 9 до 17:30 часот, а во понеделник од 8:30 до 19 часот.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
