-->
-->
Поплавени велешките улици, без атмосферска канализација
-->

Поројниот дожд со грмотевици, кој попладнево го зафати Велес, предизвика поплавување на главните сообраќајници и улиците низ населбите во градот, како последица на нерешената атмосферска канализација.
Како што информираат од Регионалниот центар за справување со кризи, и покрај големиот број громови низ градот, се уште немаат пријави за прекини на електричната струја во градот и околните населени места, но тие очекуваат тоа да се случи по завршувањето на невремето.
Инаку, секогаш при вакво невреме што предизвикува зголемување на нивото на Вардар, а кој носи и стебла и гранки, има опасност по слабата мостовска конструкција на столбовите на мостот кај Башино Село на влезот во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
