Попладнево средба Николовски-Љајиќ за брашното
За 14 часот попладнево е закажана средбата меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ на која ќе се разговара за изнаоѓање решенија околу увозот на српското брашно.
Љајиќ вчера најави дека ако не биде постигнат договор, српската страна ќе воведе контра мерки. Тоа го побараа и мелничарите од Србија според кои српските власти треба итно да реагираат.
Николовски вчера посочи дека прифатлива опција за Македонија е контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија согласно новиот Правилник.
Откако почна недоразбирањето околу измените на правилникот за увоз на брашно во Македонија, донесени на 8 февруари годинава, министрите Николовски и Љајиќ се во постојана комуниција. Љајиќ требаше минатиот петок да дојде во Скопје, но ја откажа средбата со образложение дека не е постигнат договор.
Измените на правилникот предвидуваат маркички на брашното да се лепат по неговата целосна контрола во Македонија и дури потоа брашното да се пушта во промет, а не како што беше досега, маркички да ставаат извозниците.
Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година