Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали

Пожарот кој избувна попладнево околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, е ставен под контрола, но пламените јазици досега проголтаа неколку штали, а пожарот заради силниот ветар се шири кон Богданци.
Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства.
-Во гаснењето покрај ТППЕ Валандово, екипи испратија и против пожарните друштва од Струмица, Дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер на МВР. Состојбата е сериозна и ги преземаме сите мерки да го ставиме под контрола големиот пожар и да не дозволиме негово ширење, изјави за МИА Костадинов.
Инаку, според видеа објавени од пожарникарите и локалните медиуми може да се види дека станува збор за голема огнена стихија, која во неколку наврати се закануваше да ги зафати првите куќи во Грчиште, а забележливо е и прусуство на амбулантно возило.
Гаснењето на пожарот ќе продолжи и во ноќните часови.
Ново на Сител
-

Интер ја победи Аталанта и се искачи на првото место во Серија А
-

Кина почна нови воени вежби околу Тајван
-

Германскиот министер за животна средина за забрана на електронските цигари
-

Герасимовски: „Вечер под ѕвездите“, предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз
-

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
-

Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
