Спорт плус
12. јуни 2016 - 20:04

Поп-Ацев без олимписка норма на трката во Сетубал

Нашата олимписка надеж Евгениј  Поп-Ацев не успеа да избори олимписка норма за игрите во Рио откако се пласира на 31-то место на трката во Сетубал, Поргугалија. На олимписките игри ќе патуваат само првите 9 плус по еден маратонец од секој континент. Поп-Ацев заостана за околу две ипол минути зад победникот Ли Жу од Кина, кој на целта стаса за еден час, 52,18 минути.

Засега олимписко учество од Македонија има само Нина Балабан која е стрелачка.